Конфигуратор на товарни возила

MAN конфигуратор на товарни возила

MAN конфигуратор на товарни возила

Конфигурирајте го Вашето идеално товарно возило од соништата

Со помош на MAN конфигураторот на товарни возила со само неколку кликања можете да го добиете Вашето идеално товарно возило. Онлајн конфигураторот Ви олеснува да креирате Ваш личен дизајн кој ќе биде специјално скроен за Вашите потреби. Можете да изберете од следните опции:

  • Модели на товарно возило
  • Превидена намена
  • Варијанта на дизајн
  • Шасија

  • Мотор
  • Кабина
  • Боја
  • Советување

Користете го конфигураторот на товарни возила за да го добиете Вашиот идеален дизајн, до најситниот детаљ. Откако ќе завршите, единствено испратете го формуларот за контакт и готово!

Стартувај го конфигураторот

MAN конфигуратор на товарни возила - Само неколку кликања добијте го Вашето идеално товарно возило

Со MAN конфигураторот на товарни возила и Вашиот компјутер, со голема леснотија можете да го конфигурирате Вашиот возен парк, и тоа без никаков дополнителен трошок. Откако виртуелно ќе го креирате Вашето идеално возило, со задоволство понатаму ќе Ве советуваме за Вашите индивидуални потреби.

Изберете го Вашето товарно возило од големиот асортиман на модели на MAN товарни возила. Асортиманот опфаќа товарни возила од 7,5 тони до 44 тони вкупна тежина, од стандардно влечно возило за полуприколка до возило за специјални намени со повеќе оски. Потоа, многу брзо можете да го опремите избраното возило со шасија и оски кои најмногу ќе одговараат на Вашите потреби, како и мотор и кабина според Ваш избор. Секако, можете да ја изберете и Вашата омилена боја.

Сите претходно избрани карактеристики на опремување ќе Ви бидат прикажани за време на конфигурацијата и во секое време можат да се менуваат.

Модели на товарно возило:
Со користење на MAN конфигураторот на товарни возила, лесно и едноставно изберете го Вашето идеално товарно возило. На располагање Ви стојат моделите на MAN товарните возила од серијата на тешки товарни возила како TGX и TGS, како и TGL и TGM во лесната и средната класа.

Превидена намена:
Дали барате товарно возило за транспорт на големи растојанија, сообраќај на градилиште или дистрибутивен транспорт, или пак се работи за специјално возило за итни случаи или за употреба во јавниот сектор? Во MAN конфигураторот на товарни возила со само едно кликање можете да изберете за која примена ќе Ви биде потребно товарното возило.

Шасија:
Конфигурирајте ја шасијата онлајн и тоа заедно со потребната каросерија, соодветната тонажа, потребната конфигурација на тркалата, како и растојанието помеѓу оските, односно препустот.

Мотор:
Овде можете да го изберете моторот за Вашиот модел на MAN товарно возило. Сите нови MAN мотори го исполнуваат стандардот за издувни гасови Euro 6.

Кабина:
MAN конфигураторот на товарни возила Ви нуди широк избор на кабини кои се компатибилни со бараните серии и погодни за примената на избраното возило.

Боја:
Изберете ја Вашата боја од изборот кој опфаќа 26 различни бои. Барате боја што ја нема во MAN конфигураторот на товарни возила? Ве молиме контактирајте нè кога било - секоја RAL-боја е возможна.

Советување:
Ние се обврзуваме секогаш да понудиме индивидуалното советување. Кратко откако онлајн ќе го конфигурирате Вашето сакано товарно возило и ќе го испратите формуларот за контакт, ќе ги добиете сите информации кои ќе Ви бидат потребни за Вашето идеално возило. Потоа, заедно со Вашиот локален добавувач можете дополнително да го конфигурирате Вашето возило.