MAN TeleMatics® - Апликација

MAN TeleMatics® за iPhone и iPad

MAN TeleMatics® апликација

MAN TeleMatics® за iPhone® и iPad®
Одликувана со наградата „iF Communication Design Award“ во 2013 година

Уште не сте се префрлиле на MAN DigitalServices? Со MAN TeleMatics® апликацијата за iPhone® / iPad®, исто така и за уреди кои работат на Android, можете да продолжите да добивате тековни податоци за Вашите возила што се употребуваат, дури и кога сте во движење. Секогаш ќе можете да ја видите тековната позиција и статусот на возилото, како и податоците за одржување на Вашите возила. Со MAN TeleMatics® апликацијата можете директно да го контактирате возачот преку телефон или преку SMS (Apple®, iPhone® и iPad® претставуваат регистрирани марка на Apple, Inc.).

Преглед на карактеристиките на апликацијата:

  • Преглед на возилото и возачот
  • Преглед на мапите и тек на турата
  • Време на возење и одмор со преостанато време за одмор
  • Извештаи (преглед на анализа за примена)
  • Податоци за одржување

Ве молиме имајте предвид дека од 2017 година услугите на MAN TeleMatics® нема да може повеќе да се закажуваат и истите се заменети со MAN DigitalServices.


Appstore

Апликацијата MAN TeleMatics® можете бесплатно да ја преземете. Апликацијата е достапна на 19 јазици. Потребни предуслови за користење преставуваат возило со MAN TeleMatics® и активен договор за услуги.

Апликацијата во iTunes App-Store


MAN TeleMatics® преминува во MAN DigitalServices

MAN TeleMatics® заминува, а ни доаѓа MAN DigitalServices: Сега уште повеќе услуги за телематика само за Вас. Од летото 2017 година, сите Euro 6c камиони од MAN сериски се опремуваат со новиот борд-модул за телематика RIO Box*. Продажбата на MAN TeleMatics се прекина на крајот од 2017 година. Постојните договори продолжуваат да се извршуваат и се целосно исполнети. Со цел да овозможиме мрежно поврзување за целиот транспортен екосистем, ние сме првиот производител што пристапи кон блиска соработка со нашиот партнер RIO. На отворената и слободна платформа RIO Platform што се заснова на работа со облаци, преку MAN DigitalServices добивате пристап до сите дигитални услуги, како и до услугите што се специфични за возилото, логистички услуги од RIO, како и останати услуги од други даватели на услуги – една платформа на која сите услуги можат да се закажуваат онлајн. Тоа што MAN TeleMatics® преминува во MAN DigitalServices едноставно значи: Интелигентна оптимизација на транспортот и логистиката со помош на сега уште повеќе понудени услуги на платформата RIO Platform.

Повеќе информации можете да добиете доколку ја посетите нашата веб-страна www.digital.man или доколку ја контактирате нашата линија за информации за MAN DigitalServices од понеделник од петок од 08:00 – 17:00 часот или со помош на нашиот формулар за контакт.

* RIO Box е наменет за MAN EURO 6c камиони како стандард за возлила од 08/2017 година, TBM2 е компатибилен со RIO, за TBM1 контактирајте нè на линијата за информации (0800 - 22 55 07 46)

Системски предуслови
Предуслов за користење на дигиталните услуги е регистрација на Вашето друштво и Вашите возлила на платформата RIO Platform rio.cloud. Со Вашата регистрација Вие го активирате преносот на податоци од Вашата RIO Box и со тоа ја активирате бесплатната основна услуга RIO Essentials. Дополнителни дигитални услуги можат да се закажат или купат без никаков надоместок. За MAN TGE, RIO Box може да се нарача како опција за моделите од 2019 година. Борд-модулот за телематика 1 и 2 не е релевантен за MAN TGE

Компатибилност
RIO Box: Од 01.08.2017 година сериски се обезбедува во сите Euro 6c камиони од MAN.
Борд-модул за телематика 2: Услугите за MAN TeleMatics® се уште достапни во вообичаената форма и преку познатите пристапи, сè до истекувањето на договорот. Миграцијата кон платформата RIO Platform опционално може да се изврши со помош на конектор или модификација на RIO Box.
Борд-модул за телематика 1: Ве молиме информирајте се за можностите за поврзување на Вашите TBM1 возила преку линијата за информации (0800 - 22 55 07 46)