MAN TeleMatics® - Преглед

MAN TeleMatics®

MAN TeleMatics® преминува во MAN DigitalServices

Со MAN DigitalServices добивате дигитални решенија специјално изготвени за возила од MAN. Голема предност: пристап во реално време до податоците за возилото независно од локацијата, како и анализи и препораки за Вашето возило. Сега можете и да закажувате MAN DigitalServices преку MAN Marketplace на платформата RIO Platform.

Повеќе
MAN TeleMatics® на iPhone

MAN TeleMatics® апликација

Новата апликација MAN TeleMatics® за iPhone® и iPad® Ви ги прикажува важните податоци за Вашето возило додека истото се користи. На тој начин, секогаш ќе го имате на дофат Вашиот возен парк – дури и кога не сте во канцеларијата (Apple®, iPhone® и iPad® претставуваат регистрирана марка на Apple, Inc.).

Повеќе

Дали сте клиент или заинтересирани? Ефикасноста во возниот парк треба секого да го засега!

За клиенти

Како наш клиент, секако веќе повеќе години наназад Ви е позната услугата MAN TeleMatics® и го имате користено ова интелигентно решение за да ги намалите трошоците и да ја зголемите ефикасноста на Вашиот возен парк. Дури и сега, кога TeleMatics® преминува во MAN DigitalServices... нема ништо да се промени во однос на Вашето решение! Ние и понатаму, до крајот на Вашата услуга MAN TeleMatics, ќе бидеме достапни за прашања, предлози, совети и иновативни решенија како Ваш партнер. Ве молиме контактирајте нè на нашата линија за информации за MAN DigitalServices (00800 MDIGITAL - 634 448 25, работни денови од 08:00 - 17:00 часот). Информации за MAN TeleMatics® апликацијата можете да најдете овде.

За заинтересирани

Дали барате услуги што ќе ја оптимизираат Вашата флота, а притоа се функционални и лесни за користење? Во тој случај, дознајте повеќе за нашите MAN DigitalServices www.digital.man. Или регистрирајте се директно за MAN Marketplace на платформата RIO Platform, каде директно можете да ги закажувате нашите дигитални услуги ексклузивно за Вашиот MAN.
На MAN Marketplace можете да ги најдете нашите дигитални услуги ексклузивно за Вашиот MAN. Нашите услуги се поделени на следните категории: Основни услуги и услуги за управување со одржување, услуги за оптимизирање на анализa на возило, како и услуги за оптимизирање на изведба на возач. Со помош на MAN DigitalServices, Вашиот MAN можете да го користите економично, еколошки, безбедно и удобно како никогаш до сега. Посетете нè!


MAN TeleMatics® преминува во MAN DigitalServices

MAN TeleMatics® заминува, а ни доаѓа MAN DigitalServices: Сега уште повеќе услуги за телематика само за Вас. Од летото 2017 година, сите Euro 6c камиони од MAN сериски се опремуваат со новиот борд-модул за телематика RIO Box*. Продажбата на MAN TeleMatics се прекина на крајот од 2017 година. Постојните договори продолжуваат да се извршуваат и се целосно исполнети. Со цел да овозможиме мрежно поврзување за целиот транспортен екосистем, ние сме првиот производител што пристапи кон блиска соработка со нашиот партнер RIO. На отворената и слободна платформа RIO Platform што се заснова на работа со облаци, преку MAN DigitalServices добивате пристап до сите дигитални услуги, како и до услугите што се специфични за возилото, логистички услуги од RIO, како и останати услуги од други даватели на услуги – една платформа на која сите услуги можат да се закажуваат онлајн. Тоа што MAN TeleMatics® преминува во MAN DigitalServices едноставно значи: Интелигентна оптимизација на транспортот и логистиката со помош на сега уште повеќе понудени услуги на платформата RIO Platform.

Повеќе информации можете да добиете доколку ја посетите нашата веб-страна www.digital.man или доколку ја контактирате нашата линија за информации за MAN DigitalServices од понеделник до петок од 08:00 – 17:00 часот или со помош на нашиот формулар за контакт.

* RIO Box е наменет за MAN EURO 6c камиони како стандард за возила од 08/2017 година, TBM2 е компатибилен со RIO, за TBM1 контактирајте нè на линијата за информации (0800 - 22 55 07 46)

Системски предуслови
Предуслов за користење на дигиталните услуги е регистрација на Вашето друштво и Вашите возлила на платформата RIO Platform rio.cloud. Со Вашата регистрација Вие го активирате преносот на податоци од Вашата RIO Box и со тоа ја активирате бесплатната основна услуга RIO Essentials. Дополнителни дигитални услуги можат да се закажат или купат без никаков надоместок. За MAN TGE, RIO Box може да се нарача како опција за моделите од 2019 година. Борд-модулот за телематика 1 и 2 не е релевантен за MAN TGE

Компатибилност
RIO Box: Од 01.08.2017 година сериски се обезбедува во сите Euro 6c камиони од MAN.
Борд-модул за телематика 2: Услугите за MAN TeleMatics® се сè уште достапни во вообичаената форма и преку познатите пристапи, сè до истекувањето на договорот. Миграцијата кон платформата RIO Platform опционално може да се изврши со помош на конектор или модификација на RIO Box.
Борд-модул за телематика 1: Ве молиме информирајте се за можностите за поврзување на Вашите TBM1 возила преку линијата за информации (0800 - 22 55 07 46)