Heinz-Jürgen Löw, продажба и маркетинг – Минхен, Германија
Транспортна компанија Pfeiffer – Касел, Германија
Keiser Transporte – Thomm на Триер, Германија
Werner-Transporte – Bräunisheim на Улм, Германија

Услуги од MAN – Вашиот успех

Ако сакате да ги задоволите дневните барања во индустријата за комерцијални возила, не Ви се потребни само моќни камиони, туку и целосни решенија. А, со тоа и професионален партнер, кој ќе биде на Ваша страна и ќе Ви понуди такво портфолиото на услуги. MAN Ви гарантира иновативна и економична транспортна логистика. Услуги кои можат индивидуално да се комбинираат, ефикасни до последниот детаљ. Од управување со одржување и поправка, до соодветно финансирање. Се разбира, ние исто така Ви нудиме професионална помош за мобилност и гарантираме значително зголемување на ефикасноста преку насочени програми за обука на возачи и претприемачи.

MAN After Sales Portal

MAN услуги

Со помош на услугите од MAN ние можеме да Ви помогнеме и заедно да постигнеме заедничка цел: иновативна и економична транспортна логистика без ризици и несакани последици!

Отвори видео


Делови и дополнителна опрема

MAN оригиналните делови и дополнителната опрема секогаш преставуваат прв избор. Единствено оптималната интеракција на сите компоненти овозможува подолг работен век и пониски вкупни оперативни трошоци. Не се задоволувајте со ништо помалку.

MAN оригинални делови

MAN оригинални делови

Оригиналните делови на MAN во согласност со строгите стандарди за квалитет и се совршено усогласени идеални за Вашето возило. Ова е единствениот начин Вашите камиони да ги возите безбедно, ефикасно и со минимално абење.

MAN оригинални делови ecoline

MAN оригинални делови ecoline

Дали сакате да заштедите пари и истовремено да ја заштитите околината? Во тој случај користете ги половните и професионално рециклирани MAN оригинални делови ecoline. Целосна гаранција е вклучена.

MAN оригинална дополнителна опрема

MAN оригинална дополнителна опрема

Приспособете го Вашето товарно возило со оригиналната дополнителна опрема на MAN. Брз разлика дали станува збор за функционални решенија или визуелни надградби - овозможете му на Вашиот MAN една целосно лична нота.

Сервис за нарачка

Сервис за нарачка

Преку услугата за онлајн-нарачки на порталот MAN Аfter Sales Portal, операторите на работилниците можат да ги нарачаат саканите MAN оригинални делови директно од продавачот по сопствен избор - некомплицирано, брзо и економично.


Помош на пат со Mobile24

Дефектите никогаш не се случуваат во вистинското време. Доколку сепак нешто се случи, доволно е само еден повик и сме тука за Вас – 24 часа на ден, 365 денови во годината.

Mobile24

Тел.: 00800 66 24 53 24 (00800 Mobile24)*

* Повикот од фиксна мрежа е бесплатен. Мобилните тарифи може да отстапуваат во зависност од операторот. Доколку Вашиот оператор не поддржува бесплатни броеви, Ве молиме изберете +49 1805 35 35 33 55 (14 центи/минута од гер. фиксна линија. Цените од мобилна мрежа и странство зависат од тарифата).

Дознајте повеќе за Mobile24

24/7

Поправка и одржување

Дури и најдобрите камиони треба редовно да се сервисираат некогаш да се поправаат. Ние се грижиме за тоа да нема неочекувани финансиски оптоварувања за Вас. MAN услуга за поправка и одржување – за повеќе комфор, безбедност и економичност.

MAN ServiceContracts

MAN ServiceContracts

Со нас штедете пари, време и нерви. Во зависност од Вашите барања, MAN ќе се справи со целиот процес, од одржување, преку контрола на фактури, до одговарање на прашања за гаранции и гудвил.


Управување со флоти
Управување со флоти

Оптимизирајте го користењето на Вашите возила. Со MAN TeleMatics® во секој момент и во еден преглед ги добивате сите важни податоци за возилото – за управување со возило ориентирано кон изведба и управување со флоти.

Кон MAN TeleMatics®
MAN After Sales Portal
MAN After Sales Portal

Овде ќе најдете информации и понуди за поправка, одржување, сервис и обука. Регистрацијата на порталот MAN After Sales Portal е бесплатна и без никаква обврска.

Кон MAN After Sales Portal

Ние сме овде за Вас

Формулар за контакт
Формулар за контакт

Дали имате какви било прашања во врска со понудата на услуги од MAN? Ве молиме контактирајте нè. Со задоволство ќе Ве информираме.

Контактирајте нè
Пронајдете локални MAN-партнери
Пронајдете локални MAN-партнери

Со пребарувањето за работилница и овластен продавач, ќе ја пронајдете правилната личност за контакт со MAN во Ваша близина.

Ваш локален MAN-партнер