MAN оригинални делови ecoline

MAN оригинални делови ecoline

Половни, први класа: MAN оригинални делови ecoline

Со MAN оригиналните делови еcoline заштедувате во голема мера и истовремено ја зачувувате околината!

MAN оригиналните делови ecoline преставуваат веќе користени MAN оригинални делови од MAN возила, кои повторно целосно се обработуваат според стандардите на MAN за оригинални делови од страна на MAN, првичниот производител (OES) или некој надворешен соработник.

Истото опфаќа

  • темелно чистење
  • точна проверка
  • грижливо обработување, како и
  • замена на сите делови кои подлежат на абење.

Со ова интензивно обработување, квалитетот на MAN оригиналните делови ecoline, одговара на квалитетот на еден нов MAN оригинален дел. Исто така, ќе ја добиете и истата гаранција како за нови MAN оригинални делови.


Две години гаранција на MAN сервис и делови

Две години гаранција на MAN сервис и делови

Двегодишната гаранција од MAN Truck & Bus SE важи за сите поправки спроведени од 20171 во сервисните центри на MAN2, доколку за истите поправки се употребени MAN оригинални делови, MAN оригинални делови ecoline, како и MAN оригинална дополнителна опрема. Обемот на услугите е идентичен како и со досегашната едногодишна одговорност за гаранција. Дополнителни информации можете да разгледате во нашите општи одредби и услови.

Преземи леток

1 Види важност на општите одредби и услови.
2 Сопствени сервиси на MAN и партнери со кои соработуваме.


Преглед на Вашите предности: MAN оригинални делови ecoline

  • овозможуваат трајна издржливост на Вашето возило која одговара на моменталната пазарна вредност, бидејќи поповолните трошоци за поправка и одржување на возилото го намалуваат вкупниот трошок за сопственост - Total Cost of Ownership (TCO). Ова особено важи за MAN возила во таканаречен втор или трет работен век на возило.
  • Побрзо ќе го вратат возилото на патиштата, бидејќи замената на деловите е побрза отколку поправката.
  • Апсолутно со висок квалитет, бидејќи преставуваат оригинални делови од MAN.
  • Имаат квалитет на оригинални делови, бидејќи се проверуваат 100%.
  • Доверливи се, бидејќи ги исполнуваат истите спецификации, како и новите MAN оригинални делови, вклучувајќи ја и истата гаранција.
  • Ја зачувуваат вредноста на возилото, бидејќи возилото останува MAN – за време на целиот негов работен век.
  • Штедат време и трошоци при набавка, бидејќи истите се достапни во секој сервисен центар на MAN.
  • Секогаш се во технички најнова состојба.

Еколошки и економично убедливи – резервни делови од MAN

Трајноста на MAN оригиналните делови ecoline во голема мера се исплати за Вас. Бидејќи не мора да се произведуваат нови резервни делови, се заштедува на трошоци и се зачувува околината:

  • Зачувување на ресурсите
  • помала потрошувачка на енергија
  • испуштање помала количина на CO2


Врвен квалитет за врвни услови: ecoline доби одликување за издржливост

ecoline доби одликување за издржливост

Признанието за еколошко обработување на старите делови, MAN го доби во декември 2015 година со доделувањето на Европската награда за транспорт и издржливост преку списанието за „Транспорт на стоки“. Признати се проминентните и издржливите капацитети во склоп на браншата на користени возила. Оваа награда треба да ги поткрепи друштвата од транспортната бранша во одржливата трговија и да им помогне уште подобро да ги закотват основните начела на одржливиот развој. Со радост на соодносот: Приходот од ecoline деловите во Германија е во постојан пораст. Сепак, постои уште многу потенцијал, за оваа алтернатива со делови да се етаблира во секојдневието на работилниците. Како последица на тоа, ecoline портфолиото константно се проширува.


Преглед на нашето портфолио

Отвори ги ситеЗатвори ги сите

MAN оригинални делови за товарно возило

Дополнителни информации

за MAN оригиналните делови ecoline ќе најдете на MAN After Sales Portal.

Кон MAN After Sales Portal