MAN оригинална дополнителна опрема

MAN оригинална дополнителна опрема - адаптер, база за полнење и декорации за Вашето возило

MAN оригинален прибор - бидејќи комфорот не е секогаш ист.

На Вашето MAN товарно возило дајте му една сосема индивидуална нота!

Како возач на едно MAN возило секогаш сте за едно скалило погоре. Затоа, воопшто не би требало да се откажете од техничкото дополнително опремување, како на пример инсталација за Bluetooth-адаптер за користење на мобилен телефон како слободен уред за разговор. Или не се откажувајте барем од опремата што се однесува на индивидуалната опрема за Вашиот камион. Подобро уште веднаш поставете ја MAN оригиналната дополнителна опрема, доколку во иднина би сакале уште покомотно да се возите. Бидејќи единствено така ќе имате корист од најдобриот квалитет и оптималната функционалност.


Bluetooth-адаптер и база за полнење на мобилни телефони

Bluetooth-технологијата служи како безжичен интерфејс помеѓу Вашето MAN товарно возило и крајниот мобилен уред. Примената на адаптери или бази за полнење Ви овозможува да користите избрани функции од Вашиот мобилен телефон и за време на возењето, да ја полните батеријата и да бидете достапни во секое време.

Предности за Вас:
Користењето на Вашиот мобилен телефон како слободен уред за разговор или уред за навигација придонесува за поголема безбедност во патниот сообраќај. Исто така, при почеста промена на возачи, се зголемува флексибилноста на Вашето возило, на пример во дистрибутивната индустрија или кај возилата за изнајмување.


Две години гаранција на MAN сервис и делови

2 години гаранција на MAN сервис и делови

Двегодишната гаранција од MAN Truck & Bus AG важи за сите поправки спроведени од 20171 во сервисните центри на MAN2, доколку за истите поправки се употребени MAN оригинални делови, MAN оригинални делови ecoline, како и MAN оригинална дополнителна опрема. Обемот на услугите е идентичен како и со досегашната едногодишна одговорност за гаранција. Дополнителни информации можете да разгледате во нашите општи одредби и услови.

Преземи леток

1 Види важност на општите одредби и услови.
2 Сопствени сервиси на MAN и партнери со кои соработуваме.


MAN оригинален декоративен сет

MAN оригиналниот декоративен сет Ви овозможува уникатно да го опремите Вашето MAN возило. Со едно перфектно прилагодување, на Вашиот MAN ќе му дадете една целосно лична нота. Трансформирајте го Вашето возило во една интересна глетка!

Декоративните сетови се достапни за сериите MAN TGA, MAN TGX и MAN TGS и се понудени во три индивидуални варијанти, кои уште повеќе ќе ја доведат до израз Вашиот личност. Самите одлучете се, дали во себе повеќе го носите огнот на еден змеј, дали сте кралот на патиштата или надворешноста на Вашиот камион би сакале да ја украсите со племенски шари.

  • за возачката и совозачката страна
  • може да се употребува за сите бои на возила
  • издржлива најмалку 8 години
  • обоена со боја која не бледнее и наменета за уреди за перење
  • по потреба повторно се отстранува

Декорација со лавови

Декорација со лавови

Декорација со змејови

Декорација со змејови

Декорација со решетести мостри

Декорација со решетести мостри