MAN оригинални делови

MAN оригинални делови

MAN оригиналните делови секогаш преставуваат прв избор.

Оној кој ќе се одлучи за MAN, избира одличен квалитет. Зошто да се задоволувате со помалку и кога се работи за резервни делови? MAN оригиналните делови Ви овозможуваат да се воодушевите од најдобриот квалитет. Деловите се изработуваат според упатствата на MAN и внимателно се проверуваат за придржување кон нашите стандарди за квалитет, и со тоа овозможуваат највисока сигурност и ефикасност. Со нив добивате и 2-годишна гаранција што важи насекаде низ светот. Квалитет во којшто може да имате доверба.

Навремена логистика на делови.

За да го намалите времето на застој во случај на дефект, сервисните центри на MAN се снабдени со просечно 8.000 оригинални делови - како и за постари модели и специјални возила. 95 % од сите специјални делови што недостасуваат, се испорачуваат преку ноќ до сервисната работилница од страна на опремениот центар на MAN - Европски логистички центар (ELC). Вие сте во предност со оптималните логистички процеси во поглед на подобрената можност за нарачка и рокот на испорака, како и краткото време на сервисирање во сервисните работилници.

Предности за Вас:

  • MAN оригинални делови според најновата техника кој постои
  • MAN квалитет со најнова технологија
  • гаранција што важи секаде низ светот
  • Снабдување со залихи на делови за сите типови на возила на MAN – како и за постари модели и специјални возила
  • Снабдување со делови преку ноќ од страна на Европскиот логистички центар


Две години гаранција на MAN сервис и делови

Две години гаранција на MAN сервис и делови

Двегодишната гаранција од MAN Truck & Bus SE важи за сите поправки спроведени од 20171 во сервисните центри на MAN2, доколку за истите поправки се употребени MAN оригинални делови, MAN оригинални делови ecoline, како и MAN оригинална дополнителна опрема. Обемот на услугите е идентичен како и со досегашната едногодишна одговорност за гаранција. Дополнителни информации можете да разгледате во нашите општи одредби и услови.

Преземи леток

1 Види важност на општите одредби и услови.
2 Сопствени сервиси на MAN и партнери со кои соработуваме.