MAN PartsBase - Сервис за нарачка за сервисни работилници.

Вашиот онлајн сервис за нарачка на оригинални делови!

MAN PartsBase – Онлајн сервис за нарачка на MAN оригинални делови

Како раководител во сопствена или корпоративна сервисна работилница, особено Ви се укажува на тоа, да имате пристап до оригинални делови краткорочно и во големи количини – без разлика дали се работи за одржување или поправка на едно MAN товарно возило. За да не дојде до задоцнувања и Вашите клиенти да мора да платат за непотребно време на чекање, MAN PartsBase Ви нуди непосредна врска преку етаблиран онлајн портал независен од трговските марки. Со тоа, во секое време имате пристап до целосната понуда на оригинални делови од MAN.


MAN PartsBase како важен составен дел од MAN After Sales

Предуслов за користење на MAN PartsBase е најава на MAN After Sales Portal. По успешното регистрирање, добивате директен пристап до онлајн сервисот за нарачка, за да можете да ги идентификувате потребните MAN оригинални делови и директно да можете да ги нарачате кај трговец по Ваш избор - едноставно, брзо и поволно. Исто така, преку MAN PartsBase може на лице место кај трговците да се провери достапноста на Вашите потребни оригинални делови. Со тоа Вие заштедувате на пат, а Вашите клиенти на долгото време на чекање.

  • Сервисот за нарачки е достапен секогаш, седум дена во неделата
  • Електронската кошничка може да се преземе во електронскиот каталог со делови MANTIS
  • По желба, возможна е директна достава
  • Едноставен процес за нарачка на резервни делови
  • Обезбедување резерви на делови за сите MAN типови на возила
  • Снабдување со делови преку ноќ од страна на Европскиот логистички центар


MAN PartsBase овозможена од partslink24.com

MAN тесно соработува со онлајн порталот partslink24.com, за да може во секое време да ги снабди корпоративните сервисни работилници со MAN оригинални делови. Како раководител на сервисната работилница ќе имате придобивки од користењето на MAN PartsBase во различни погледи:

  • Пристап до комплетната понуда на достапни MAN оригинални делови
  • стандардизирана корисничка површина за едноставно користење
  • јасна идентификација на деловите преку внесување на сериски број
  • Проверка на состојбата на достапни резервни делови кај Вашиот трговец
  • електронско архивирање на сите нарачки и барања
  • Онлајн сервис за нарачки кај трговец по Ваш избор - 24h на ден, 7 дена во неделата


MAN оригинални делови – Најдобар квалитет и доверливост

MAN оригинални делови

Кога се одлучувате за MAN, избирате беспрекорен квалитет. Зошто тогаш при претстојна поправка на Вашето MAN товарно возило и потребните делови за истиот да се задоволите со помалку? MAN оригиналните делови Ви ја нудат безбедноста, довербата и економичноста кои се вообичаени за MAN – со светски призната гаранција од дванаесет месеци.

Повеќе за MAN оригинални делови

MAN оригинални делови како еколошка и трајна алтернатива

MAN оригинални делови ecoline

Одржувајте го Вашето возило со веќе користени, но професионално обработени MAN оригинални делови. Со тоа ќе заштедите на трошоци, ќе ја имате истата гаранција како и за нови MAN оригинални делови и во исто време ќе ја зачувате околината.

Повеќе за MAN оригинални делови ecoline