Одржување и делови

MAN ServiceContracts – Трошоците повеќе не се променливи

Намалете го ризикот од неочекувани трошоци за поправка и отстранете го притисокот од Вашиот тим, така што ќе дозволите MAN да управува со планирање на интервалите за одржување и на термините за поправка. Со тоа ефективно ќе се намалат трошоците за Вашиот возен парк и значително ќе се зголеми неговата ефикасност. Така, без обврска и ослободени, можете целосно да се фокусирате на Вашите суштински активности. Без разлика кој MAN ServiceContract ќе го изберете, MAN го има соодветниот пакет за Вашите потреби. Добро е да се знае дека и: MAN ServiceContracts се валидни во повеќе од 1500 сервисни центри на MAN ширум Европа, кои постојано имаат специјализира персонал и нудат професионална помош.

MAN ServiceContract Comfort

MAN ServiceContract Comfort

Ги вклучува сите услуги и проверки, кои се наведени во распоредот на одржување на Вашето возило. MAN иста така го организира управувањето со договори за Вас, со што Ви ја намалува административната работа. Нормално, тоа не се одразува негативно на Вашите гаранции или на полисите на кои им истекол рокот.

MAN ServiceContract ComfortPlus

MAN ServiceContract ComfortPlus

Ги опфаќа сите услуги кои се нудат со MAN ServiceContract Comfort, како и MAN гаранцијата за погон. Можно е пакетот да се прошири и да ја опфати MAN гаранцијата за целото возило каде што е тоа неопходно.

MAN ServiceContract ComfortSuper

Овој договор за сервис и поправка ги опфаќа сите сервиси и проверки кои се составен дел од редовните услуги, како и поправки од нормално трошење и абење и поправки за целото возило. Овој договор за целосен сервис не ги покрива само скапите аспекти поврзани со возилото, туку и административната работа што е дел од управувањето со договорите.


Флексибилни решенија за Вашите потреби – изборни дополнителни услуги за MAN ServiceCntracts

Фокусирање на Вашите суштински активности. Ние се грижиме за останатото.

Законски мерки

  • Ги вклучува сите задолжителни, законски пропишани проверки за да се обезбеди правилно функционирање на возилото
  • Опфаќа главна проверка и тестирање за емисии, како и безбедносни проверки.

Надополнувања

  • Проверка и, каде што е неопходно, надополнување со течности и подмачкувачи помеѓу два редовни сервиси на Вашето возило, во согласност со сервисниот план
  • Опсегот се определува за секој посебно

Останете мобилно во секое време - со фиксна цена и едноставна опбработка на налозите.

MAN служба за помош на пат

  • Поддршка при расипано возило
  • Фиксна стапка за тарифите за повици за MAN Service Mobile24
  • Плаќање на сите трошоци за влечна служба за транспорт на Вашето возило до најблиската гаража на MAN
  • Мобилност низ цела Европа за фиксна цена

Сервис на гуми

  • Замена и монтажа на гуми кога тие ќе се истрошат
  • Балансирање
  • Делумна исплата на трошоците во случај на оштетување

Услуга за подигнување и враќање

  • Подигнување, а потоа и враќање на возилата на договорена локација, со цел редовно сервисирање и поправки поврзани со трошењето и абењето во сервисен центар на MAN

Секоја индустрија има сопствени услови. Ние ги нудиме соодветните решенија.

Разладни уреди

Услугата е вклучена во зависност од избраниот MAN ServiceContract:

  • Сервисирање според инструкции од производителот
  • Поправки за природно трошење и абење
  • Зaконски мерки
  • Достапно за сите сертифицирани производители

Задна дигалка

Услугата е вклучена во зависност од избраниот MAN ServiceContract:

  • Сервисирање според инструкции од производителот
  • Поправки за природно трошење и абење
  • Зaконски мерки


Преглед на MAN поправките за погон

Отвори ги ситеЗатвори ги сите