Спонзорирање на спорт

Спонзорирање на спорт во MAN

Спонзорирање на спорт во MAN

Посветеност, тимски дух и ефикасност: Не мора да се каже дека квалитетите демонстрирани од врвните спортисти, исто така, во целост се практикуваат и од страна на MAN. Затоа, од пред многу години, активно се вклучивме во тимските и мото-спортовите. Како спонзори, се грижиме за тоа, автобусот во кој се вози еден фудбалски клуб, да е исто толку првокласен колку и самиот тим и опремата на професионалците во зимскиот и мото-спортот, да стигне токму онаму каде што е потребно.


DSV камион за извршување работи со восок

Партнер за комерцијални возила во зимските спортови

Како дел од спонзорирањата на зимските спортови, потребни се исто така и посебни решенија. Во овој случај, MAN осигурува дека опремата што се користи од националните тимови за биатлон и нордиско скијање на германскиот скијачки сојуз, дури и при екстремни временски услови, ќе биде навремено доставена до местото каде што е потребно. Благодарение на специјалната приколка во која е овозможено да се извршуваат работи со восок, скијачите исто така можат да го користат MAN TGX како камион во кој можат да извршуваат работи со восок.

Björn Loose, Holger Mandel, Mattias Ekström и Heinz-Jürgen Löw (од лево кон десно) при предавањето на TGX D38

Спортско спонзорство во мото-спортот

Од 2014 година, MAN го поддржува тимот на EKS Performance AB и Mattias Ekström со влекачи и полуприколки за транспортирање на тркачките автомобили.
Освен тоа, MAN преставува партнер за комерцијални возила на Audi Sport и ги транспортира DTM и LMP возилата како и целосната опрема потребна за траката.

Поделете ја страницата
сподели Сподели на Facebook
твит Сподели на Twitter
Сподели на LinkedIn