Спонзорирање на спорт

MAN камиони за германскиот скијачки сојуз

MAN камиони за германскиот скијачки сојуз

Германскиот скијачки сојуз (DSV) може да смета на MAN како на свој сигурен партнер за комерцијални возила. Во рамки на партнерството, на располагање на германските национални скијачки тимови за биатлон и нордиско скијање се ставени два MAN TGX, секој со полуприколка. Истите се опремени со специјални приколки за извршување работи со восок, со што камионите се претвораат во подвижни скијачки работилници.

DSV камионите за извршување работи со восок нудат многу предности во споредба со обичните контејнери за извршување работи со восок: Не единствено заради изземањето на времето за товарање и растоварање на опремата, туку и заради големите здравствени придобивки за техничарите. Благодарение на уредот за екстракција на гасови, отровните гасови кои настануваат при третирањето на скиите не можат да навлезат во работната просторија.


DSV камион за извршување работи со восок

Безбедно за време на зимата

Камионот за извршување работи со восок, исто така нуди и заштита при екстремни временски услови: Со интелигентниот дополнителен погон MAN HydroDrive®, камионите лесно се справуваат со екстремните временски услови, така што опремата на спортистите секогаш и на време ќе биде подготвена на местото каде што е потребно.

Поделете ја страницата
сподели Сподели на Facebook
твит Сподели на Twitter
Сподели на LinkedIn