MAN во Македонија

MAN Truck & Bus

МАН Импортер Македонија д.о.о.е.л.

МАН Импортер Македонија д.о.о.е.л. е ексклузивен увозник на комерцијални возила од реномираниот производител MAN Truck&Bus AG од Минхен за македонскиот пазар.

Соработката започна во 2011 година и успешно трае сѐ до денес, за што сведочи и наградата за најдобра презентација на новите Еуро 6 модели, како и на целокупниот MAN имиџ во 2013 година.

Нудиме нови и користени комерцијални возила, камиони во распон од 6 до 48 тони носивост.

МАН-овите возила се одликуваат со висок степен на квалитет во изработката, нагласена економичност, голема издржливост и трајност во најтешките услови за работа, како и прилагодливост кон сите специфични потреби на клиентите.

Потврда за тоа е големата присутност на МАН возилата во различни стопански гранки, како што се меѓународен превоз, превоз на специјални товари, пошта, градежни материјали, комунални дејности, шумарство, прехрана, земјоделство и слично.

Пост-продажната активност се состои во снабдување на македонскиот пазар со оригинални МАН резервни делови, а сервисната организација е задолжена за одржување на возилата во и надвор од гаранцискиот рок.

Работата на МАН во Македонија докажува дека квалитетните производи со професионален пристап кон секој купец се барани на пазарот, а нашите партнери и корисници се задоволни од услугите кои ги добиваат. Ние и понатаму ќе се трудиме да ја оправдаме довербата во нас.


Контакти

МАН Импортер Македонија д.о.о.е.л.
Улица 2, бр.84, Илинден
1000 Скопје

Тел: 02/ 511 50 80
Факс: 02/ 511 50 90

man@mantruck.mk