Камиони 

MAN камионите ги транспортираат тркачките машини на фабричкиот тим на Ducati MotoGP™

На 14ти март, 2013 во Борго Панигале (Болоња) се одржа свеченото примопредавање на седум влекачи MAN TGX 18.480 на фирмата Ducati. Со MAN камионите ќе се обезбедат логистиката и сервисирањето на тимот на Ducati за европските MotoGP™ трки, а меѓу другото ќе се транспортираат и моторцикли и резервни делови за трките.

Габриел дел Торкио, директор на фирмата Ducati Motor Holding Spa, и Паоло Чабати, MotoGP™ проект менаџер на Ducati Corse како и Андреа Довициосо, тркач во тимот на Ducati, ги преземаа лично од Бјурн Лузе, маркетинг менаџер во MAN Truck & Bus AG ексклузивните камиони.

MAN влекачите импресионираат преку впечатливото специјално лакирање во црвена Ducati Corse боја и XXL-возачката кабина, најголема во својата класа. Камионите се опремени со D26 Common-Rail-мотор од 480 КС и со автоматски MAN TipMatic® менувач. Освен тоа MAN-овите TGX камиони располагаат со сеопфатен безбедносен пакет кој вклучува LED дневни светла, ксенонски предни фарови како и електронски системи за помош, за контролирање на растојание темпомат АЦЦ и систем за држење во возна лента ЛГС.

Ексклузивната внатрешна опрема на камионите е уште еден престиж. Луксузната црна кожа на седиштата, на панелите од вратите и на воланот се украсени со црвени опшивки. Горниот дел на командната табла е изработен во впечатлив финиш од карбон. Системот за навигација MAN Media Truck Advanced се грижи за ефективно водење на маршрути и првокласна забава.

MotoGP™ претставува кралска класа на светското првенство во мотори со 18 трки во 30 различни држави во 4 континенти. Од нив 11 трки се одржуваат во седум европски држави (Италија, Германија, Велика Британија, Франција, Шпанија, Холандија и Република Чешка). Ducati влезе во MotoGP™ трките во 2003 година, тогаш со возачите Лорис Капироси и Трој Бејлис, којшто првпат го претстави моделот Ducati Desmosedici на трката во Јапонија. Во последните 10 години тимот од Борго Панигале оствари 33 победи, меѓу кои во 2007 ја освои титулата светски првак со австралискиот возач Кејси Стоунер. Оваа година Ducati ги испраќа на MotoGP™ тркачките патеки италијанскиот професионален возач на трки Андреа Довициосо (26) и американецот Ники Хејден (31) со моделот Desmosedici GP13.