Камиони  |  Мотори и компоненти 

MAN Trucknology Денови, 17. и 18. мај 2013.

Сите искрени фанови на МАН камионите ги покануваме на MAN Trucknology Денови во Скопје, улица 2, број 84, Илинден од 10 до 18 часот.

Ќе Ве запознаеме со новата МАН техника на Euro 6 возилата која станува стандард во Европа. Освен тоа ќе изложиме низа возила кои се мерило на ефикасноста и се користат во речиси сите региони на светот. Нашиот центар располага со над 250m2 канцелариски простор, 600m2 сервисен и 4.000m2 паркинг простор.

Сакаме со пренесувањето на нашето досегашно искуство и знаење да им овозможиме на нашите сегашни и идни партнери стандардно високо ниво на услуги.

Нашите стручни советници за продажба и постпродажба ќе Ви ја претстават понудата на возила, предноста на МАН оригиналните резервни делови и проверената компетентност на сервисната работилница.

  • новата техника на Euro 6 возилата
  • високо ниво на сервисни услуги
  • квалитетот на МАН оригиналните резервни делови
  • MАН TopUsed возила

Се радуваме на Вашата посета!