Камиони 

Испорака на новиот камион MAN TGX EfficientLine на фирмата ЛИДО

МАН Импортер Македонија д.о.о.е.л. испорача на фирмата ЛИДО,сместена во градот Велес во централна Македонија, нов камион MAN TGX 18.440 EfficientLine.

Г-дин Трифко Робев од МАН Импортер во Скопје го предава новиот влекач на г. Љубенов.

По набавката на користени МАН-ови влекачи од кои по еден модел TGA, TGX па и TGX V8 , фирмата го обнови својот возен парк со сосема нов влекач. На задоволство на возачот, возилото е добро опремено, а сопственикот на фирмата, г. Зоран Љубенов, изрази задоволство од ефикасноста на МАН-овиот камион.