Камиони  |  Настани и саеми 

Ауто Хрватска ПСЦ Риека најдобра МАН-ова сервисна работилница во светот во 2012 година!

Во меѓународната конкуренција на повеќе од 600 работилници тимот од хрватскиот град Риека го освои првото место на МАН-овиот меѓународен натпревар за титулата најдобра сервисна работилница во 2012 година. - "MAN Service Quality Award 2012”.

Второто место му припадна на MAN Servicebetrieb Dillenburg од Германија, a резултат за трето место имаше Petschl Werkstätten Betriebs GmbH од Австрија. Одлично познавање покажа и тимот од Ауто Хрватска ПСЦ Сплит кој преку елиминациски натпревари влезе во групата од 18 финалисти.

MAN Truck&Bus AG ја доделува наградата " MAN ServiceQualityAward" од 2010 година. Целта на натпреварот е да се зголеми знаењето на сервисeрите, поттиkнување на беспрекорноста во квалитетот на услугите и зголемување на задоволството на клиентите.Оваа година за наградата конкурираа повеќе од 600 екипи од шест продажни региони. Во финалето влегоа 18 тимови од Германија, Русија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Франција, Белгија, Украина, Шпанија, Чешка и Словачка. Малата Хрватска имаше импресивна застапеност од две работилници од регионалните продажно-сервисни центри во Риека и Сплит.

Најважно е задоволството на клиентите.

"Ние сакаме да им гарантираме на нашите клиенти брза и компетентна услуга. Трошоци на сервисната услуга значително влијаат на вкупните трошоци на возилото (TCO), па овој сегмент е многу важен за нашите клиенти", вели Ларс Есман, виш потпретседател за постпродажба во MAN Truck&Bus AG. Од 2010., на SQA натпреварот учествуваа повеќе од 5.000 сервисери.

Оценувањето оваа година започна во март. Тимовите со најдобри резултати во сите четири круга на квалификациони натпревари се поканети на 20.септември 2012. на финале одржано за време на саемот IAA Nutzfahrzeuge во Хановер. За да се одговори на сите шест задачи во финалето потребно беше теоретско познавање за докупување гаранции, одржување, оригинални делови и стандардни процедури, како и практично знаење за дијагностицирање и поправка на камиони и автобуси.

Секој тим има четири членови. Иван Борич, член на победничкиот тим и директор на регионот Приморје во Ауто Хрватска Продажно Сервисни Центри ДОО ни рече: "Ние сме водушевени со резултатот. Членовите на екипата се занимаваат со различни дисциплини. Имаме специјалистички знаења и вештини кои совршено се дополнуваат. Во нашиот мал тим беа Маријан Барац, Лука Страдиот, Ведран Валентич и јас, а цело време се обидувавме да бидеме достојни претставници на сите вработени во ПСЦ Риека. Во оваа прилика сакам да му честитам и на тимот и ПСЦ Сплит, кој со влезот во финалето го потврди сертифицираниот квалитет на овластената МАН-ова мрежа во Хрватска". Првите три екипи се наградени со авантуристичкo патување во Оман. 'Со нетрпение го очекуваме' признаа најквалитетните сервисери во светот.