Камиони  |  Мотори и компоненти 

МАН Trucknology денови во Скопје

МАН Импортер Македонија на 4 и 5 мај по втор пат ги организираше МАН Trucknology Деновите на локацијата на МАН центарот во населба Илинден.

Деловните партнери и ентузијасти низ разговор со вработените, можеа да се запознаат со работата на новиот сервисен центар односно на увозникот, кој во средината на јуни 2011 година. почна со работа. Новиот увозник и новата локација на сервисниот центар во Скопје значеше поставување на нови, повисоки стандарди во бизнисот. Знаењето и искуството на светската МАН-ова организација континуирано се пренесува на вработените во МАН Импортер Македонија – со цел за најдобра поддршка на корисниците во понудата на нови и користени возила, испорака на резервни делови, како и при вршење на постпродажните услуги.

Гостите можеа да се уверат во широката понуда на реномираниот германски производител MAN Truck&Bus AG , па како дел од неа беше изложен и моделот TGX EfficientLine кој важи како најекономичен влекач на пазарот. Со намалување и оптимизација на одредени компоненти на возилото значително е намалена потрошувачката на гориво која со штедливо возење може да изнесува и до 3 л/100 км. Во TGX EfficientLine вграден е автоматски менувач МАН TipMatic ® со 12-брзини и ZF Интардер. Возилото е опремено со аеро пакет кој го намалува отпорот на воздухот. Воздухот и понатаму е важна тема, така што овој модел го користи и системот за следење на притисокот на воздухот во гумите - Tire Pressure Management (TPM) со помош на кој се намалува процентот на дупнати гуми за 90%. И покрај наведените мерките за штедење овој модел нуди врвна ергономија и комфор.

Во склоп на изложбата посетителите добија и детални информации за тековната сервисна акција "Клуч за најдобра заштеда", во која на МАН-овите корисници на возила со старост над 6 години им се нуди заштеда на сите сервисни услуги дури и до 60%. Овластениот МАН центар секогаш овозможува доволно расположлив капацитет, специјални алати, а 12 месечната гаранција на извршената услуга ја заокружува најквалитетната сервисна услуга за возилото.