Технологија и компетентност

MAN EfficientCruise®

Темпомат со GPS

Нова генерација на MAN EfficientCruise®

Темпоматот MAN EfficientCruise® со GPS го одредува текот на патувањето со сите угорници и удолници, и тоа до три километри однапред. На тој начин, секогаш може да се прилагоди степенот на возење и брзината со цел да се постигне економичен начин на возење. Менувањата кон помал степен на пренос секогаш кога има смисла се избегнуваат.

Преклопен прекинувач за MAN EfficientCruise®

Новата генерација на MAN EfficientCruise® овозможува возење кое сега уште подобро може да се предвиди. Лесното менување степени на пренос кое е ориентирано кон потрошувачка не ги спречува само големите прекинувања во влечната сила, но, исто така, на возачот му дава еден многу хармоничен возен впечаток. Возачот единствено треба да ја избере саканата брзина и да постави еден од четирите степени на возможни толеранции на брзина (ECO ниво I - IIII). Ниво I значи најмало отстапување од поставената брзина, а ниво IIII значи најголемо отстапување. Последното овозможува максимална заштеда на гориво и е идеално за редок сообраќај на автопатите и патиштата. За време на возењето, преку еден прекинувач, ECO нивото може во секое време да се прилагоди според моменталната состојба во сообраќајот.

MAN EfficientRoll ‒ интелигентно тркалање по патот преку ситуационо активирање

Благодарение на иновативната технологија, сега и тркалањето може интелигентно да се контролира преку предвидување со GPS системот. Со тоа, MAN уште еднаш јасно го зголеми потенцијалот за заштеда на гориво. Дури и при благи надолнини, менувачот автоматски се префрлува во неутрална позиција „N" – но, само доколку навистина може да се заштеди гориво. На тој начин се задржува залетот и возилото побавно ја губи брзината отколку при поставен степен на пренос. Со интелигентното активирање, примената е поретка, но истовремено е поефикасна.

Иновативна MAN технологија ‒ Зголемена вредност за возачот, но зголемена вредност и за и околината

Новата генерација на MAN EfficientCruise® благодарение на комбинацијата со опција MAN EfficientRoll штеди уште повеќе гориво за разлика од порано и го прави возењето далеку поприфатливо за околината отколку до сега. Благата интервенција на темпоматот значително го зголемува факторот на удобност на возачот, а исто така му нуди и оптимално олеснување во неговата работа. Со тоа, возачот во иднина може уште поудобно и без никаква загуба на време да се концентрира на возењето.