Технологија и компетентност

MAN HydroDrive®

MAN HydroDrive®

Одлучувачки фактор за превозниците претставува безбедното и навремено пристигнување, дури и кога условите на патот не се оптимални. Освен конвенционалниот погон на задни оски и класичен погон на сите тркала, MAN го нуди иновативниот хидростатичен погон на предна оска HydroDrive® за поголема влечна сила на патните возила со привремена теренска примена. MAN е единствениот производител на пазарот кој го обезбедува системот HydroDrive® како за возила со рачни менувачи, така и за возила со автоматски менувачи.

Во споредба со возилата со конвенционален погон на сите тркала, системот HydroDrive® има 750 килограми помалку и користи помалку гориво. Освен тоа, погонската предна оска овозможува дополнителна контрола врз страничното водење – што е од особена важност при возење во зима.

Самиот возач одлучува дали дополнителната моќност од погонот треба автоматски да интервенира со HydroDrive® или тој рачно би сакал да го вклучи системот доколку е потребна зголемена влечна сила.



Поголема влечна сила со едно вртење на раката

MAN HydroDrive® е идеален погон за привремена употреба на терени и во ситуации кога е потребна дополнителна влечна сила на предната оска. Возилата со MAN HydroDrive® се претежно патни возила, чијшто спектар на употреба функционално се проширува благодарение на хидростатичкиот погон на предна оска.

Типични ситуации на возење, каде може да се вклучи MAN HydroDrive®, на пример се:

  • Неасфалтирани улици како на пр. полски патишта и градилишта
  • Лизгава подлога како на пример кал, лед и снег
  • Патни профили со ридеста топографија

MAN HydroDrive® приказ
MAN HydroDrive® приказ на централниот екран

Ротирачки прекинувач за MAN HydroDrive®
Ротирачки прекинувач за MAN HydroDrive®

MAN HydroDrive®

Хидростатичкиот погон на предна оска може да се вклучи со помош на вртливиот прекинувач дури и за време на возење под оптоварување. Веќе при брзина од 28 km/h, истиот автоматски се исклучува. Доколку брзината падне под 23 km/h тој повторно се вклучува автоматски. Активираниот MAN HydroDrive® ќе се прикаже на екранот на возачот преку контролни светла.

Кај MAN HydroDrive® на излезот на менувачот се наоѓа хидраулична пумпа која ги снабдува моторите на главчината на предната оска. Оваа техника којашто е генијално едноставна, издржлива и лесна за одржување, во однос на потрошувачката на гориво и абењето, може да се спореди со конвенционалниот погон на задна оска и нуди голем број предности наспроти класичниот погон на сите тркала. Со користење на хидростатичките мотори на тркала, овде отпаѓа употребата на разводен менувач типичен за класичниот погон на сите тркала. Освен тоа, кај MAN HydroDrive® за време на возењето во погон се само задните тркала, а хидрауличната пумпа и моторите на тркалата не создаваат триење. Во споредба со тоа, при погон на сите тркала се вртат и елементите за пренос на погонот на предната оска дури и кога се исклучени.

Предности на MAN HydroDrive®:

  • Поповолна потрошувачка на гориво
  • Предност поради помалата маса односно, поголемата носивост од околу 750 kg во споредба со класичниот погон на сите тркала
  • Не е потребна висока конструкција, вкупната висина останува иста и тежиштето на патното возило остануваат зачувани
  • Подобрување на безбедноста при возење со зголемена влеча и стабилност на коловозната лента на асфалтирана подлога и при зимски услови на возење
  • Пренос на делувањето на моторното сопирање при возење на предна оска и со тоа постигнување на подобра распределба на силата на сопирање