Технологија и компетентност

MAN TipMatic® ‒ Нова генерација

Префрлете ја ефикасноста во повисок степен на пренос: MAN TipMatic®

Нова генерација на MAN TipMatic® менувач што ја намалува потрошувачката на гориво и ја зголемува удобноста за време на возењето. Со индивидуалните стратегии за возење и менување степени на пренос, MAN ја нуди оптималната погонска група за различни примени, како на пример за улични, товарни и теренски возила или возила за итна помош. Зависно од примената, постојат различни функции и различни програми за менување на степените на пренос. Функциите на менувачот се прецизно ускладени во комбинација со моторите D08, D15, D26 и D38. Ракувањето со менувачот е сосема едноставно и се одвива потполно автоматски или во зависност од програмата за менување степени на пренос, рачно со помош на рачката со прекинувач која се наоѓа на воланот. На возачот ништо не му одзема внимание и тој во целост може да се фокусира на ситуацијата во сообраќајот.

Нови функции за менување степени на пренос за уште поголема удобност, ефикасност и безбедност

Новите програми за менување степени на пренос, како и дополнителните функции на менувачот MAN TipMatic® ја намалуваат потрошувачката на гориво и ја зголемуваат безбедноста и удобноста при возење.

SmartShifting претставува резултат од долгогодишниот развој на функцијата SpeedShifting. Додека MAN TipMatic® заедно со функцијата SpeedShifting побрзо менува степен на пренос помеѓу три најголеми степени на пренос 10, 11, и 12, функцијата SmartShifting комбинира нов брз процес на менување во сите степени на пренос. На тој начин, со менувачот може побрзо да се префрли во понизок степен на пренос на пример при угорница, со што не се губи залетот, а товарното возило заштедува гориво.

Исто така нова е и примената на електронски управуваните сопирачки за таканаречената помош при префрлување во повисок степен на пренос (HSU), која посебно при угорниците дозволува брзи промени на степените на пренос, и тоа до три степени на пренос, како и интелигентната логика на промена на брзината која зависи од моменталната ситуација во возењето. Во овој случај, софтверот кој се заснова на податоците од тоа во која позиција се наоѓаат педалите, масата на возилото и пресметаниот отпор во текот на возењето ја утврдува оптималната брзина за менување на степените на пренос. Тоа не е потребно за највисока брзина, туку за оптимален компромис помеѓу брзината на менување степен на пренос, комфорот и абењето на материјалите.

Idle Speed Driving овозможува удобно возење во празен од. Со помош на оваа функција, возачот на товарното возило може прецизно и едноставно да маневрира или пак едноставно и комфорно да „заплива“ во густиот сообраќај на автопатот. По тргнувањето, возилото продолжува со понизок број на вртежи во празен од околу 600 вртежи/минута, без да мора возачот да го активира педалот за гас. Доколку вртежниот момент на моторот не е доволен за бројот на вртежи во празен од, MAN TipMatic® префрла назад во помал степен на пренос. Штом возачот го активира педалот за сопирање, спојката се отвора.

Од една страна, MAN TipMatic® со помош на функцијата за препознавање на товар осигурува оптимален избор на степен на пренос. Притоа, за возење без товар или со максимален товар, секогаш се избира оптимален степен на пренос за придвижување на возилото. Од друга страна, големиот број на степени на пренос, како и софтверската функција за препознавање наклон осигуруваат одлично однесување на возилото при тргнување.

Функцијата за ослободување на MAN TipMatic® менувачот го олеснува тргнувањето во случај доколку товарното возило заглави во снег или на влажна и мека подлога. Притоа, менувачот автоматски го избира соодветниот степен на пренос со цел да се намали вртежниот момент а погонските тркала и со тоа да се спречи вртење на тркалото во место. Така, возачот може полесно да го „ослободи“ товарното возило.


Програми за менување степени на пренос за секоја примена

Индивидуалните програми за менување степени на пренос од системот MAN TipMatic® нудат поголема безбедност во текот на возењето и намалена потрошувачка на гориво за различни области на примена.

Отвори ги ситеЗатвори ги сите