Големина | Ширина 2,44 м Длабочина 2,28 м Висина 1,66 м |
Седишта | 2 лица 1 место за спиење |
Кабината XL ги покажува силните страни особено кога станува збор за посебна намена, како на пример, транспорт на градежен материјал или на дрва. Широката, но рамна кабина на возач нуди многу добра можност за надградба и - благодарение на помалата сопствена маса - и соодветна носивост. Понискиот тунел на моторот овозможува оптимална слобода на движење и натпросечна ширина на кабината обезбедува поголем простор за складирање. Големиот, удобен кревет нуди доволно место за одмор или служи како удобно место за преноќување во случај на повеќедневни патувања.