Големина | Ширина 2,44 м Длабочина 2,28 м Висина 2,15 м |
Седишта | 2 лица 2 места за спиење |
Кабината XXL спаѓа во најголемите кабини на возач во камиони во цела Европа. На тој начин MAN нуди совршена варијанта за долги релации во меѓународниот далечен транспорт. Натпросечната висина за стоење и максимално просторниот внатрешен дел и зафатнина на внатрешниот дел овозможуваат исклучителна удобност за престој и спиење. И највисоките или широко градените возачи имаат доволен простор за движење тука. Големите шкафови над предното ветробранско стакло на кабината XXL, како и големите надворешни прегради за лични предмети овозможуваат пријатен амбиент и концентрирана работа. За целосна будност на воланот, нашите возачи мора да можат добро да се наспијат. Висококвалитетните кревети со решетка од летви и опционалните душеци од ладна пена со повеќе зони разгалуваат со удобно спиење како дома.