Технологија и компетентност

Темпомат за регулирање на растојание

Темпомат за регулирање на растојание

Безбедност и комфор при користење

Брзината честопати се потценува и растојанието од возилото пред Вас лесно може да се прецени. ACC-системот може самостојно да ја прилагоди како брзината на возење така и растојанието кон возилото пред Вас во рамки на претходно подесените поставки.

Тој може да се користи веќе при брзина од 25 км/ч. Вообичаено се користи при возење на брзи сообраќајници и автопат.

ACC-радарскиот сензор со видливост од околу 150 метри го препознава растојанието и релативната брзина на возилото пред Вас во својата лента. Според податоците од сензорот, сопственото возење во лентата, сопствената брзина и делувањето на возачот, ACC-контролната единица ја пресметува најдобрата стратегија на приближување и го контролира моторниот момент и управувањето со сопирачката (трајна и работна сопирачка). Брзината, забрзувањето и забавувањето на возилото активно се регулира и притоа се одржува растојанието кон возилото пред Вас. Управувањето со ACC, како и досега, се врши преку рачката на темпоматот.