Технологија и компетентност

Активно стабилизирање на навалувањето (Continuous Damping Control)

Интелигентна аморитација во сите положби

Активното стабилизирање на навалувањето (CDC) ја пресметува потребната сила на амортизерите во зависност од оптоварувањето на возилото и состојбата на улицата, при сопирање или забрзување, на кривини или низбрдо.

Контролниот уред, мозокот на системот, го регулира електромагнетски пропорционалниот вентил, кој ја одредува проточната количина на течното масло во амортизерот. Доколку има поголем напон во вентилот, се намалува протокот во амортизерот. Маслото тече побавно, а амортизацијата станува „поцврста“. Системот ја пресметува и регулира силата на придушување на секои 25 милисекунди и на тој начин ја регистрира целата ситуација на возење.

Сензорите за висина и притисок на возилото доставуваат податоци за пресметките. CAN-собирницата исто така обезбедува информации за контролата на амортизацијата: брзината на возење, сигналот за забавување или забрзување, попречното забрзување и брзината на трклалата влегуваат во точните пресметки. CDC го прилагодува основното придушување на нормалната состојба точно во милисекунда на новите околности.

Основната поставка на придушување може да варира во два степени, така што возачот сам бира прегибна склопка. Динамичката стабилизација на оптоварувањето има и други предности: CDC го намалува трошењето на гумите и ги чува улиците.



Голема сигурност, поволни полиси за осигурување

CDC овозможува краток пат на сопирање, уредот за управување реагира директно и возилото се однесува комфорно и пристапно. Исто така и во случај на итност му помага на возачот да ја задржи целосната контрола над возилото. Товарното возило со CDC овозможува голема безбедност.

Некои осигурителни компании се толку воодушевени од овој концепт, така што сакаат да понудат пониски полиси. Во товарното возило со неговите различни товари и тежишта - стабилизирањето на навалувањето на возилото претставува вистински плус во поглед на стабилноста на возилото, возењето на превои и безбедноста. Така товарот и возилото се чуваат, времетраењето на компонентите значително се зголемува, а опасноста од несреќи значително се намалува.