Технологија и компетентност

Електронска програма за стабилност (ESP)

Електронска програма за стабилност (ESP)
Мерни величини за ESP

Систем за регулирање на возната динамика

Доколку постои опасност возилото да се лизне или преврти, возачот мора молскавично брзо да ја согледа опасната ситуација, за повторно да воспостави контрола над возилото. ESP системот постојано ја контролира возно-динамичката состојба на возилото и автоматски интервенира во управувањето на моторот и системот на сопирање, доколку постои опасност дека возилото ќе се преврти или се навали. Затоа е во состојба побрзо да ја процени ситуацијата за разлика од релативно искусните возачи и може да го контролира возилото во рамки на физички граници. Типичните причини за несреќа како пребрзо возење на кривини, лизгав коловоз, сопирање во итен случај и брзото избегнување на препреки може да се отстранат и да се намали опасноста од несреќи.

Функција и управување

ESP ги опфаќа двете главни функции на DSP (контрола на динамичка стабилност) и ROP (заштита од превртување). DSP вообичаено се грижи за стабилизација на возилото при понизок коефициент на триење (на пр. при влага или на лед и снег). Таа по правило се активира само доколку постои значителна разлика помеѓу саканиот правец на возачот и фактичкото движење на возилото. Заштитата од превртување (ROP) ја намалува опасноста од превртување при зголемен коефициент на триење на сув коловоз.



Со опремата која вклучува ESP може да се избегнат 44 проценти од сите несреќи со товарни возила.

Следните големини постојано се мерат и се споредуваат со моменталната брзина на возење:

  • Аголот на воланот
  • Попречното забрзување
  • Степен на ротација (брзина на вртење на возилото околу вертикалната оска)