Технологија и компетентност

Помош при нагло сопирање (EBA)

Помош при нагло сопирање (EBA)

Новата генерација на помош при нагло сопирање EBA (Emergency Brake Assist) ги прави MAN возилата уште посигурни и очигледно ја намалува опасноста од несреќа во патниот сообраќај. Новиот развој ги комбинира информациите од радарскиот сензор на предната страна од возилото и камерата во предното ветробранско стакло. Преку овој спој од сензори, системот може уште побрзо и со уште поголема сигурност да препознае опасни ситуации и во сериозен случај предвреме да започне со нагло сопирање.

При наглото сопирање, дополнително кон ламбичките за сопирање се активира и сигналот за нагло сопирање ESS (Emergency Stopping Signal) – уредот за предупредувачко трепкање со засилена зачестеност на трепкање им сигнализира на учесниците во сообраќајот за ситуацијата на итност и со тоа ја намалува опасноста за сообраќајкана несреќа предизвикана од налетување на возило.

Помошта при нагло сопирање заедно со спојот од сензори спаѓа во сериската опрема на сите MAN возила, за кои од ноември 2015 година важи како задолжителна опрема при нова регистрација. Технологијата веќе во најголем дел ги исполнува заострените барања на ЕУ, кои ќе важат од ноември 2018 година. Клиентите на MAN уште од сега ќе придобијат од системот со одржлива вредност кој со сигурност ќе се употребува и во иднина.