Технологија и компетентност

Уред против излегување од возната лента (LGS)

Уред против излегување од возната лента (LGS)
Уред против излегување од возна лента

Поголема безбедност во сообраќајот со контрола на коловозната лента

При возење на долги и монотони патишта или ноќно возење вниманието на возачот може да попушти или тој може на секунда да заспие. Уредот против излегување од возната лента (LGS), го контролира правилното возење во возната лента и се грижи за зголемена безбедност и зголемен возен комфор. Доколку дојде до напуштање на возната лента без давање сигнал со трепкачот, еден звучен сигнал го предупредува возачот.

Функција и управување

Благодарение на видео камерата којашто е сместена зад ветробранското стакло, се регистрираат обележаните линии на возната лента и се проценува позицијата на возилото во однос на ограничувањето на линијата. Доколку се премине обележаната коловозна лента, без да се употреби трепкач, возачот се предупредува од левиот или десниот звучник на вратата со звучен сигнал за предупредување. Системот автоматски се активира над 60 km/h и може да се деактивира со прекинувач-преклопник. Предупредувањето се врши под 75 km/h на внатрешните рабови и над 75 km/h на надворешните рабови на означената коловозна лента. Доколку не се возможни предупредувања, на пр. поради неозначена коловозна лента, тогаш ова ќе се прикаже на блокот со контролни светла на Highline-екранот.