Технологија и компетентност

MAN BrakeMatic®

За стабилно однесување при сопирањето, во целата серија на TG се грижи интелигентниот MAN BrakeMatic® со електронски систем на сопирање EBS, антиблокирачки систем за сопирање ABS и јаки диск-сопирачки на сите тркала одн. барабан-сопирачки кај AP-оските. Притоа возилата TG добиваат одлучувачки метри на патот на сопирање – за безбедност на сите учесници во сообраќајот.

MAN EVB

Силниот процес на сопирање без абење и контролирано возење по удолници со висока брзина ги овозможува моторната сопирачка MAN EVB (EVB = сопирачка на издувен вентил) со до 290 kW сила на сопирање. Силата на сопирање на моторот се зголемува благодарение на краткотрајното отворање на издувните вентили. Уште едно подобрување е MAN EVBec кој го регулира притисокот. Овде на располагање го имате уште поголемиот момент на сопирање со помал број на вртежи.

MAN EVBec

Дополнително кон нормалниот начин на функционирање на EVB, кај EVBec е можно бесстепено подесување на силата на сопирање. Ова може да се постигне со регулирање на противпритисокот на издувни гасови со помош на клапната на моторната сопирачка во издувната цевка. Клапната на моторната сопирачка којашто се активира со воздушен притисок постепено ја затвора издувната цевка во согласност со саканата сила на сопирање и на тој начин го создава неопходниот издувен противпритисок на издувните гасови за цилиндарот. Компјутерот за контрола на возилото FFR добива информација за моменталниот противпритисок на издувните гасови преку сензорот и со помош на пропорционалниот вентил овозможува соодветна контрола на притисокот на серво цилиндарот. Усогласувањето по нивоа на инсталациите на трајната сопирачка дозволува нејзина одредена употреба во возен погон. На овој начин се врши активирачка и неповратна постапка на сопирање.

Комбинацијата од јака моторна сопирачка EVBec и воден ретарден MAN PriTarder® воодушевува како ефикасен и економичен систем на сопирање: Во споредба со обичните ретардери, водениот ретардер работи директно со водата од разладниот кружен тек.

MAN PriTarder® , како и интардерот, е интегриран во контролата на трајната сопирачка MAN BrakeMatic®: При менување брзини/отпуштање на спојката се активира работната сопирачка, за да не се прекине силата на сопирање при менувањето на брзини (Reblending).