Технологија и компетентност

Мултифункционален волан

Мултифункционален волан

Со зголемувањето на сообраќајната гужва се зголемуваат и барањата на возачите на товарно возила. Концептот на опслужување од MAN го поддржува возачот така што тој може да се фокусира на возењето. Со новиот мултифункционален волан управувачот на возилото може да ги користи темпоматот и системот за кочење, како и радиото/ЦД, без притоа да ги тргне рацете од воланот.

Составен дел на оваа производна новост е централниот дисплеј во Cockpit, кој ги прикажува избраните функции. Со еден поглед возачот ги добива најважните информации што му се потребни за економично возење.