Преден кадар од MAN TGX, TGS, TGM, TGL

MAN модели на товарни возила – Во еден преглед.

Нашата мисија: да го движиме Вашиот бизнис само напред. Палета од модели кои опфаќаат цел делокруг, и тоа од 3-тонци до 250-тонците со исклучително високи перформанси.

MAN товарно возило – Ве управуваме кон успех.

Ние го разбираме Вашиот бизнис и знаеме што е важно. Секоја наша серија е развиена за многу специфични задачи и самата по себе претставува класа. Но сите имаат една работа заедничко: го зголемувате транспортниот капаците, а ги намалувате трошоците.

MAN TGX во тунел на автопат

MAN TGX – Економичниот.

Со својата намалена погонска група за поголема ефикасност и перформанси, MAN TGX ви овозможува повеќе со секоја капка гориво - Поголемо растојание, поголем вртежен момент и поголема моќ. Сигурно приближувајќи Ве кон Вашата целна добивка.

Кон MAN TGX
MAN TGX D38 на автопат

MAN TGX D38 – Моќниот.

Возете во една нова димензија. Со перформанси од 397 kW (540 КС) од 471 kW (640 КС) и моќен вртежен момент од 2.700 до 3.000 Nm, TGX D38 е без конкуренција. И со тоа овозможува совршена симбиоза од ефикасност и влеча која е без конкуренција.

Кон MAN TGX D38
MAN TGX EfficientLine 3, ноќе на автопат

MAN TGX EfficientLine 3 – Штедливиот.

Нашиот одговор на зголемената конкуренција и строгите правила за заштита на животната околина. Поефикасен и поефикасен од кога и да е, MAN TGX EfficientLine 3 користи до 2 литри помалку гориво. Со тоа намалувајќи ги Вашите трошоци и штетите кон животната околина.

Кон MAN TGX EfficientLine 3
MAN TGS минува под мост

MAN TGS – Самоуверениот.

Ова е нашиот специјалист за тешки мисии. MAN TGS комбинира неспоредлива носивост со моќен мотор и разновидни конфигурации. MAN TGS – силниот тип, кој секогаш го дава својот максимум за да осигури успех за Вашиот бизнис.

MAN TGM при Offroad примена

MAN TGM – Сèстраниот.

Доволно разновиден за да ги исполни сите Ваши барања. Благодарение на новата генерација мотори, MAN TGM овозможува уште поголем транспортен капацитет и сигурност на патот. А, со тоа Вие добивате поробустен и посигурен партнер во Вашиот бизнис.

MAN TGL во градски сообраќај

MAN TGL – Создаден за маневрирање.

Зборот „мултиталент“ е измислен само за овој камион. Со својата натпросечно голема носивост, ниска потрошувачка на гориво и голема способност за маневрирање, MAN TGL осигурува дека секогаш ќе се наоѓате на правилниот пат, без разлика дали се наоѓате во густ градски сообраќај или на тесно градилиште.

MAN TGE во градски сообраќај

MAN TGE – Ремек-дело за товар.

Можеби е мало, но овој транспортер навистина се покажува во полето на доставата на пратки, логистиката градежната индустрија и за транспортот на патници. Со најразличните верзии и индивидуалните решенија за надградба, ова возило може совршено да биде скроени за Вашите потреби.

Повеќе за TGE

Два MAN TGE транспортери пред едно MAN товарно возило и еден MAN автобус на темен мост

MAN товарни возила – Го совладуваат секој предизвик.

Секој бизнис е различен. И ние се прилагодивме кон оваа методологија. Со палета од модели кои нудат возило скроено за Вашите потреби.

Сегменти за примена


Ние сме овде за Вас

Вработен на MAN го советува клиентот на биро
Формулар за контакт

Дали имате какви било прашања во врска со понудата на услуги од MAN? Ве молиме контактирајте нè. Со задоволство ќе Ве информираме.

Контактирајте нè
Вработен на MAN телефонира со MAN товарно возило во заден план
Пронајдете локални MAN-партнери

Со пребарувањето за работилница и овластен продавач, ќе ја пронајдете правилната личност за контакт со MAN во Ваша близина.

Ваш локален MAN-партнер