Голема способност за маневрирање при секоја примена: Максимална способност за маневрирање при секоја примена - Максималниот товар и големиот капацитет на товарање заедно со ниската потрошувачка на гориво го прават MAN TGL вистински мултиталент кој има клучна улога во комуналната примена и градежниот сектор, па дури и во класичниот дистрибутивен сообраќај. Без оглед на Вашите потреби, нашиот MAN TGL може прецизно да се конфигурира за да ги исполни Вашите специфични потреби.
Неговото кратко растојание на осовините овозможува MAN TGL да има голема способност за маневрирање. Карактеристика која доаѓа до израз кога се користи на градилишта со ограничен простор, како и низ густиот градски сообраќај. Благодарение на екстралесната серија на мотори D08, сега можете дополнително да заштедите гориво. Дел од ова се должи и на аеродинамичниот дизајн и малиот број на компоненти што овозможува далеку полесно сервисирање. Уживајте во најдобрата динамика при возење со нашиот MAN TGL.
Интуитивен прекинувач и работен концепт, дигитални логистички решенија и многу осмислени детали. MAN TGL е идеално опремен за Вашата иднина.
Елегантен дизајн, лесна конструкција и шасија со кои се е возможно. MAN TGL тежи многу малку, но може да направи многу – И ќе изгледа многу добро додека го прави тоа.
Удобност, простор и многу можности. Без разлика за која и верзија да се одлучите - Нашите кабини секогаш ќе бидат подготвени за Вашето патување.
MAN TGL со својот најнов систем за безбедност и помош секогаш ќе биде со Вас во најкритичните ситуации за да осигури дека ќе бидете безбедни од почетокот, до крајот на Вашата цел.
Ние сакаме максимално да ги искористиме нашите системи, затоа секоја капка гориво е важна. Затоа, на располагање Ви стојат многуте решенија за економичност на возачот кои оптимално се надополнуваат и совршено се координираат помеѓу себе.