MAN TGM – Сèстраниот

MAN TGM при Offroad примена

Предности за Вас

  • Ефикасен D08 мотор со поголема максималната носивост и ниската потрошувачка на гориво
  • Удобна работна област на возачот
  • Се користи за повеќе намени

Контактирајте нè Кон конфигуратор за товарни возила

MAN TGM – Ефикасност во сета своја разновидност

MAN TGM одново го дефинира терминот економичност во однос на среднотешкиот влечен сообраќај и дистрибутивниот сообраќај: опремен со оптимизирана погонска група, овој камион осигурува уште поголема удобност и заштеда на гориво додека се наоѓате на пат. Иновативниот D08 мотор Ви заштедува на тежина и на време, како и во однос на потрошувачката на гориво. Без разлика дали вршите дистрибутивен сообраќај, комунална работа или на градилиште, MAN TGM се докажува како повеќеаспектен за сите Ваши секојдневни потреби.

MAN TGM може да се приспособи за сите Ваши потреби бидејќи Вие лично можете да комбинирате различни мотори, опрема и да поставувате варијанти. Исто така е вградено и: иновативни системи за помош, како и целосно модернизирано работно место за возачот кое дозволува да се чувствувате како дома секогаш кога сте на пат. MAN TGM има многу таленти. Еден од неговите најголеми таленти е: да го придвижува Вашиот бизнис.

Сегменти за примена на MAN TGM

Мотор и погон

Мотор: D0836, 184-235 kW, MAN TGM D08 мотор во Euro 6

184-235kW

MAN TGM D08 мотор во Euro 6

Уште полесен за уште поголеми товари: MAN D08 моторот е за 103 kg полесен во однос на својот претходник. Благодарение на робусниот и пластичен сад за масло, како и намалениот број на компоненти, не само што е намалена тежината, туку се намалени и барањата за одржување на моторот, и сето тоа е заокружено со намалена потрошувачка на гориво. Нашиот иновативен погон може да Ви заштеди и до дополнителни 5 % во однос на трошоците за гориво. Едностепенскиот турбо-полнач осигурува оптимална достава на моќ и зголемена економичност. Кратко кажано: Кај MAN D08 моторот, најголемата моќност и најголемата ефикасност целосно се обединуваат. Исто така на располагање ја имате опцијата да користите парафински горива со што повеќе ќе ја заштитите животната средина без никаква потреба од никаква надградби или прилагодувања.

MAN TipMatic® менувач со 12 степени на пренос

MAN TipMatic®

Поголем степен на пренос за Вашата ефикасност

Трошоците за возење помали, а удобноста поголема: со интелигентни функции кои се скроени само за новата генерација на мотори MAN TGM, MAN TipMatic® сега може да понуди далеку поголема удобност при возењето. Idle Speed Driving Ви дозволува на економичен начин да се движите низ густиот сообраќај, без да мора да ја притискате ногата врз педалот за гас. А, додека пак со SmartShifting функцијата за менување, можете едноставно и нежно да менувате помеѓу степени на пренос, притоа одржувајќи константна влечна сила. MAN TipMatic® функционира целосно автоматски и ја пресметува оптималната стратегија за менување степен на пренос, врз основа на претходни ситуации на возење. Оставете на нас да ја вршиме Вашата работа, а Вие само фокусирајте го Вашето целосно внимание на напредокот кој вашиот бизнис треба да го направи.

Дознајте повеќе

Мотор Работна зафатнина
Мотор D0836 6,9 l
184 kW (250 КС), 1.050 Nm  
213 kW (290 КС), 1.150 Nm  
235 kW (320 КС), 1.250 Nm  
Тип на возило Потпирање Растојание на осовините Менувач
Шасија
BB
3.525 - 5.775 mm Синхронизиран менувач
Самоистоварувач
BL Тонажа Автоматизиран менувач MAN

LL 12 - 26 t TipMatic® (опционално)

Дизајн и кабини

Внатрешност

Нов импресивен дизајн, поголема слобода на движење и јасно подредена работна област, каде сè се наоѓа на своето место - Модернизираната внатрешност на нашиот MAN TGM ги исполнува сите желби.

Кокпит од MAN само за Вас

Најважни карактеристики на MAN TGM

  • Практично работно место за возачот
    Комплетно го подобривме работниот концепт во новиот MAN TGM, со цел да осигуриме дека никогаш нема да загубите Вашиот правец: ротирачкиот прекинувач за MAN TipMatic® е поместен во центарот и со тоа сега е полесно достапен. Дополнителни прекинувачи се групирани заедно според нивната функција и се подредени според зачестеноста на користење. Важните совети и пораките за предупредување сега многу лесно можат да се забележат на новиот екран во боја со висока резолуција, притоа овозможувајќи Ви време за да реагирате порано.

  • Удобен дел за одмор
    Секогаш при рака: сите прекинувачи за внатрешното осветлување, уредот за подигнување на прозорците и лизгачкиот покрив, сега лесно можат да се дофатат од која било позиција на спиење. Приклучниците за мобилни телефони, таблети и телевизори сега можат да се најдат на пригодно работно растојание. Вашите лични работи сега можете даги складирате во одделите за складирање поставени на задниот ѕид.

  • Уште повеќе простор за Вас
    Новиот модул на фрижидер може комплетно да се складира под креветот, така што ќе можете да искористите повеќе работен простор, како и повеќе простор за Вас. Ова значи дека секогаш до Вас ќе имате освежителен пијалак, како и поголема слобода да станете и да се движите наоколу.

  • Нов свет на бои
    Топлите песочни и сиви тонови на внатрешноста ќе направат да се чувствувате добро на Вашите крати и долги патувања. Нашата „Urban Concrete“ палета на бои е неверојатно смирувачка и затоа се препорачува за чести работни примени во кои има многу нечистотија. Но една од најчистите работи е новиот држач за чаши, секако благодарение на внатрешниот држач со пружина: Нема повеќе превртување, дури и при остри свртувања или на нерамен терен.

  • Пионерско мрежно поврзување благодарение на вградениот модул за телематика (RIO-Box)
    RIO-Box го претставува Вашиот влез во светот на логистиката 4.0, и истиот е стандардно вграден. Истиот ги интегрира информациите за возилото со дигитална вредност значајно подобрувајќи ја економичноста во однос на транспортот кој го вршите.

Надворешност

Непогрешлив дизајн и практични функции кои ги олеснуваат сите задачи: MAN TGM нуди атрактивна надворешност која со сигурност ќе ги помине сите тестови пред кои ќе ја поставите.

Впечатлив дизајн: Преден кадар од MAN TGM на автопат

Впечатлив дизајн

Со својата аеродинамична силуета, како и лавот на MAN гордо поставен на радијаторот и управувачот, вистинскиот MAN е лесно да се препознае.

Лесна конструкција: Страничен кадар од MAN TGM на автопат

Лесна конструкција

Не треба да бидете „тешкаш“ за да ги завршите работите: благодарение на користените материјали кои се оптимизирани во однос на тежината, MAN TGM е неверојатно лесен и според тоа може да презема многу големи товари. Не треба да Ве чуди кога ќе кажеме дека тој е нашата ѕвезда во својата класа во однос на товарот.

Предна оска оптимизирана во однос на тежината: Се товара палета во MAN TGM

Предна оска оптимизирана во однос на тежината

Сега уште пожилав: благодарение на новиот патентиран дел на Z-профил од телото на оската, тежината на предната оска може да се намали за дополнителни 8,5 kg. За Вас тоа ќе значи зголемен капацитет на товарање кој ќе го помогне на Вашиот буџет - Колку повеќе товарате, толку помалку тури ќе треба да направите.

Дизајн на рамка лесен за надградба: Рамка на MAN TGM

Дизајн на рамка лесен за надградба

Можете да сметате на нас: конструкцијата на рамката од MAN TGM е надополнете со шема на блиску поставени отвори која овозможува брзо и евтино додавање на индивидуални делови и приклучоци без никакво бушење. Ова помага во заштитат на шасијата од корозија, но исто така дозволува флексибилност и возможност за брзи прилагодувања.

Подготвување за помошни агрегати: MAN TGM со надградба на кран

Подготвување за помошни агрегати

Бидете подготвени за сè: Без разлика дали сакате да интегрирате дополнителен компресор за разладување, пумпа за бетон или компресор, MAN TGM е подготвен за каква било опрема благодарение на прелиминарната работа за поставување која е извршена уште во фабриката за да се изврши подготвување за помошни агрегати.

Кабини на MAN TGM

Различни варијанти со исклучителна удобност: бидејќи секој тип на работа ќе има различни барања во однос на кабината, затоа, со нас имате избор од четири различни кабини.

MAN C кабина

C-кабина за возачи

Компактна класа: со задоволство да влезеш во кабината. Со своето ниско ниво, врати што можат широко да се отворат и лесниот пристап до страната на совозачот, C кабината дополнително ја олеснува Вашата секојдневна работа.

MAN двојна кабина

Двојна кабина

Тимски играч: Двојната кабина со четири врати нуди доволно простор за сместување и до седум луѓе. Ова овозможува да транспортирате не само материјали и машини, туку и цел тим во Вашиот TGM.

MAN L кабина

L-кабина за возачи

Создаден за маневрирање: L-кабината за возач нуди компактни надворешни димензии за добро маневрирачки возила. Доколку сакате да направите пауза, во секое време ќе Ве чека Вашиот оптимизиран простор за одмор придружен од удобниот кревет. Многуте оддели и простори за складирање нудат доволно простор за Вашите лични предмети.

MAN LX кабина

LX-кабина за возачи

Победничка големина: LX кабината го нуди најголемиот простор од MAN TGM и во исто време успева да понуди значителни предности во однос на капацитетот за товарање благодарение на сопствената мала тежина. Ова, во комбинација со аеродинамичниот дизајн, Ви помага да добиете дополнителни заштеди во однос на потрошувачката на гориво. Двата удобни кревети со летвички и душек составен од повеќе ладни зони на пена претставува одлично место за релаксирање по изминатиот работен ден.

Систем за безбедност и систем за ефикасност на возачот

Икона за систем за безбедност: MAN товарно возило со ACC Stop & Go

Систем за безбедност и помош

Спречувањето е најдобрата заштита: нашите системи за безбедност и помош Ве предупредуваат за критични ситуации, а со тоа Вие ќе можете навремено да го прилагодите Вашето возење.

Нашите системи за безбедност и помош осигуруваат дека никогаш повеќе нема да го загубите Вашиот правец. Благодарение на електронската програма на стабилност и бројните други апликации, секогаш ќе имате комплетна контрола врз Вашето возило, дури и при најтешки услови. Верувајте во нашата техничка експертиза и откријте ги нашите опционални и стандардни системи за безбедност и помош.

Икона за систем за ефикасност на возачот: Растечка состојба на добивка

Систем за ефикасност на возачот

Намалувањето на Вашите трошоци е приоритет за нас. Со нашите иновативни системи за економичност на возач, секогаш можете да заштедите - Дури и кога слободно се движите.

Ние секој ден макотрпно работиме за да осигуриме дека ќе добиете максимална добивка од Вашиот камион. Нашиот темпомат EfficientCruise® управуван со помош на GPS сега Ви заштедува до 6 % гориво преку проактивно пресметување на локалната топографија и избирање на најсоодветната брзина. Благодарение на MAN EfficientRoll функцијата на менувачот, нашиот MAN TGM автономно при благи надолници менува во неутрални степени на пренос, притоа овозможувајќи Ви максимално искористување на карактеристиката за слободно тркалање.

Искусете нова димензија на добивка со системите за економичност на возачот од MAN.

MAN TipMatic®

MAN EfficientCruise® со MAN EfficientRoll

Услуги

MAN услуги

Бидејќи најдобрите услуги можат и најдобрата работа да ја направат уште подобра. Овде откријте ги услугите кои ги нуди MAN.

Дознајте повеќе

Имате уште прашања?

Контактирајте нè! Дополнителни детали можете да најдете во нашите различни информативни материјали.