MAN TGS е без конкуренција во однос на својата сестраност: без разлика дали станува збор за транспорт на кратко растојание или дистрибутивен транспорт, на градилиште или транспорт наменет за комунални услуги, како специјалист за тешки мисии, нашето робусно повеќенаменско возило гарантирано ќе Ве импресионира без разлика на задачата. Благодарение на интуитивните контроли, секогаш при рака ќе ги имате важните прекинувачи и функции. А, секако, да не го заборавиме и подобрениот оддел за одмор, кој секогаш ќе биде тука за Вас по завршувањето на успешна тура за да се чувствувате како дома. Поудобен од кога и да е.
Со голема леснотија и ефикасност може да се справи со калливите шумски предели и стрмните патишта, исто како да се наоѓате на обичен пат. Благодарение на моќниот погон, лесно се справува со патиштата. Додека пак лесната конструкција и интелигентите системи за ефикасност на возачот секогаш осигуруваат заштеда за Вашиот бизнис. MAN TGS – силниот тип, кој секогаш го дава својот максимум за да осигури успех за Вашиот бизнис.
Со нова сега уште попрактична опрема за уште поголема удобност: модерниот внатрешен дизајн на MAN TGS со својата одлична опрема Ве очекува.
Подобрен браник кој може да се спротивстави на секој предизвик, лесна конструкција и варијабилен сооднос на оптоварување на оски за моќни и впечатливи перформанси.
Исто како дома - кабините на MAN TGS ја носат удобноста на едно сосема ново ниво.
Нашите вградени интелигентни системи за безбедност и помош во MAN TGS осигуруваат оптимална безбедност и дополнително му ја олеснуваат работата на возачот.
Додека Вие се фокусирате на насочување на Вашиот бизнис кон успех, нашиот систем за ефикасност на возачот ќе ги намали трошоците.
Кога ништо не функционира, слободно можете да се потпрете на нас: MAN HydroDrive® е нашиот експерт за ситуации во кои има метеж.