Поголема моќност, а со тоа и уште поголема ефикасност: MAN TGX докажува дека ниската потрошувачка и високите перформанси не мора взаемно да се спротивставуваат. Без разлика дали возите по автопатот или имате тешка работа на некое градилиште, благодарение на големиот опсег на опрема и верзиите на мотор, MAN TGX е совршено скроен само за Вас за да ги исполни сите Ваши потреби во однос на транспортот. Нашиот сигурен и цврст крал на транспортот на долги релации со голема леснотија се справува со долгата километража притоа остварувајќи Ви голем профит.
MAN TGX има сè што ќе му биде потребен на Вашиот бизнис за да го направи поуспешен и да Ве исполни со возбудувања: голема удобност при возење и живеење надополнета со многу голем вртежен момент комбиниран со ниска потрошувачка на гориво. Стандардната и опционалната ефикасност, како и достапните системи за помош на возач Ве прави уште поекономични и побезбедни додека се наоѓате на патот, односно во камионот кој е исполнет со индивидуалност исто колку и Вашиот бизнис.
Подобрена област за одмор, и секако, една работа пред сè: многу простор за Вас.
Лавовски моќен дизајн, аеродинамичност и прецизна функционалност која секогаш осигурува безбеден влез.
Удобност за која скоро и нема граници: со нашите сега уште попространи кабини кои доаѓаат во три различни големини.
Вашата безбедност е наша грижа. Затоа со нашите системи за безбедност и помош ја отстрануваме целата Ваша грижа.
Ние внимаваме на Вашите трошоци: кога станува збор за заштеда на пари, со системите за ефикасност на возачот од MAN ние Ви гарантираме дека секогаш ќе бидете на правиот пат.
За особено тешки предизвици: MAN HydroDrive®. Само вклучете ја хидрауличниот погон на предната оска кога ќе Ви биде потребен и оставете го да работи.