MAN TGX D38 - Моќниот

MAN TGX D38 на автопат

Предности за Вас

  • Максимални перформанси на мотор
  • Енормни товари до 120 тони
  • Поголема удобност во внатрешноста

Контактирајте нè Кон конфигуратор за товарни возила
MAN TGX D38 на автопат

Нашето скриено оружје за тешки транспортни задачи

Кон видеото

MAN TGX D38 – Со полна пареа напред

Ништо не може да Ве запре: секоја задача со нашиот MAN TGX D38 е лесна, без разлика колку и да напорна. Го голема леснотија нашиот моќен пакет може да транспортира до 120 тони во рамки на транспортот на тежок товар благодарение на моќните перформанси на моторот - Неговата влечна сила е доволна да Ве искачи и преку најтешките угорници. Огромната сила на запирање од стандардниот систем на трајни сопирачки секогаш Ви овозможува безбедно спуштање.

Моќната сила на движење не остава само впечаток при транспортот на големи растојанија или транспортот на тежок товар, таа е исто така ефективна при тежок терен, како на градилишта и шумски области. Изберете го правилното влечно возило за Вас и Вашиот бизнис и оставете ги сите пречки на нашиот MAN TGX D38. Нашиот MAN TGX D38 претставува совршена симбиоза од економичност и влечна сила која нема конкуренција.

Сегменти за примена на MAN TGX D38

MAN D 38 мотор во преден кадар и црвена заднина со светлосен завршеток

Нашата движечка сила: Моторот на MAN TGX D38

Мотор и погон

Мотор: D3876, 397-471 kW MAN D38 мотор во Euro 6

397-471kW

MAN TGX D38 мотор во Euro 6

Го позајмува името од моќното чудо од MAN: Серија на D38 мотори од MAN со високи перформанси. Овој Common Rail дизел мотор импресионира со своите многу високи притисоци на вбризгување од 2.500 bar и моќен притисок при палење од 250 bar; со тоа осигурувајќи најдобра влечна сила и ниски нивоа на потрошувачка на гориво. Покрај тоа, двостепеното турбо-полнење на моторот со интеркулер осигурува дека моторот секогаш ќе има доволно воздух за согорување со тоа овозможувајќи Ви да ги совладате и најтешките задачи. Резултат: оптимална ротација која му помага на камионот брзо, економично и сигурно да стигне на Вашата дестинација. Робустен, полн со енергија и секогаш подготвен: нашите D38 мотори од MAN.

MAN TipMatic® менувач со 12 степени на пренос

MAN TipMatic®

За лесно менување степени на пренос со моќни мотори

Нашиот интелигентен менувач MAN TipMatic® ја комбинира најдобрата добивка и удобност при возење која нема конкуренција. Секоја Ваша задача поставува различни предизвици. Иновативниот менувач со дванаесет брзини постепено ја адаптира својата стратегија за менување степен на пренос според индивидуалните барања од патот по кој се движите, ги зачувува истите податоци и во иднина применува сличен пристап кога ќе се најдете во слични ситуации. Целосно автоматски, за Вие слободно да се концентрирате на Вашата задача. Доколку Вашиот камион има заглавено во снег или кал, мека земја, функцијата а слободно лулање од MAN TipMatic® влечењето ќе го направи уште полесно. Истиот автоматски го избира најдобриот степен на пренос со цел да се намали вртежниот момент а погонските тркала и со тоа да се спречи вртење на тркалото во место.

Зошто да ги комплицирате работите кога сè може да биде толку едноставно?

Дознајте повеќе

Иновативен TopDown систем за разладување на D38 моторот од MAN со шест цилиндри

Top-Down систем за разладување

За Вашиот мотор секогаш да има „ладна глава“ на рамената

Кога работата ќе биде премногу тешка, секогаш ќе биде добредојдено тоа што Вашиот D38 мотор ќе остане ладен. Нашиот иновативен Top-Down систем за разладување особено осигурува дека деловите од главата на цилиндарот кои секогаш подлежат да високи температури никогаш нема да прегреат. За да се осигури тоа, системот испумпува разладно средство низ моторот од горниот кон долниот дел, притоа целејќи кон компонентите кои треба да се разладуваат. Резултат: долг работен век за инјекторите и вентилите, како и намалување во потрошувачката на гориво, благодарение на оптимизираната пумпа за разладување.

Компоненти на Air Pressure Management

APM - Air Pressure Management

Сè се сведува на правилниот тајминг

Зошто да трошите енергија кога истото може да се заврши ефикасно? Нашиот Air Pressure Management систем го регулира работењето на воздушниот компресор за да се осигури дека единствено ќе се вклучува кога ќе биде потребен дополнителен компримиран воздух. Со ова не само што се намалуваат времињата на работење на компресорот за околу 90 %, туку воопшто го намалува и искористувањето на енергија. Иновација која со гаранција ќе Ви се исплати.

Икона за MAN EfficientCruise®

MAN EfficientCruise® со EfficientRoll

Нов поттик за нашиот MAN TGX D38

Со нашите интелигентни темпомати MAN EfficientCruise® управувани со помош на GPS секогаш ќе бидете еден чекор пред Вашата конкуренција: Врз основа на тековното оптоварување, вртежниот момент на моторот и пресметката на очекуваната топографија на патот и до 3 km, системот автоматски одлучува за совршената брзина за возење. Вградената функција на менувачот EfficientRoll дополнително Ви овозможува да ја оптимизирате инерцијата при варијабилни топографски патишта и притоа да заштедите на гориво. Штедење при движење - Намалувањето на трошоците никогаш не било толку лесно.

Дознајте повеќе

Мотор Работна зафатнина
D3876 15,2 l
397 kW (540 КС), 2.700 Nm  
427 kW (580 КС), 2.900 Nm  
471 kW (640 КС), 3.000 Nm  
Тип на возило Потпирање Растојание на осовините Менувач
Седло
BB
2.600 – 5.100 mm Автоматизиран менувач MAN
Шасија
BL Тонажа TipMatic®
Самоистоварувач
LL 18 - 41 t

    вкупна дозволена влечна тежина до 250 t  

На моќниот камион му е потребен и моќен дизајн

Најважни карактеристики на дизајн, колку што окото може да забележи. Дознајте повеќе за малите и фини детали на MAN TGX D38. За моќен прв впечаток.

MAN TGX D38

Изглед во полн сјај
Сјаен изглед: Секогаш сјајте повеќе од Вашата конкуренција: облогата на страничното огледало, како и радијаторот се имаат завршница од платинесто сребрена боја и оддаваат незаборавен впечаток. За изглед кој плени.

Видливи перформанси
540, 580 или можеби 640 КС? TGX D38 не се плаши да Ви покаже што може да направи. Затоа сега буквите за КС поставени на вратите се зголемени за да ги означат повисоките перформанси.

Препознавање на вредност
Висококвалитетен хром за благородно име: Буквите за D38 го красат нашиот моќен камион, како на возачката, така и на совозачката врата. Потценувањето е веќе минато, покажете ја моќта на Вашиот MAN TGX D38 од самиот почеток.

Услуги

Услуги

Бидејќи најдобрите услуги можат и најдобрата работа да ја направат уште подобра. Овде дознајте повеќе за услугите што ги нуди MAN.

Посетете ја веб-локацијата MAN Service

Имате уште прашања?

Контактирајте нè! Дополнителни детали можете да најдете во нашите различни информативни материјали.