Штедлив до последната капка: Благодарение на дополнителниот развој на погонската група, стандардните системи за ефикасност на возач, како и оптимизираната моторизација во однос на потрошувачката, сега со помош на MAN TGX EfficientLine 3 можете уште повеќе да ги намалите Вашите оперативни трошоци.
Ние знаеме дека потрошувачката на гориво сочинува една третина од Вашите вкупни трошоци. Затоа нашиот херој во однос на заштедата користи помалку гориво за разлика од својот претходник.
Дополнителна заштеда на гориво може да се постигне со нашата ефикасна програма за менување степени на пренос со која се намалува бројот на вртежи на моторот. Меѓународните тестови за споредба исто така потврдуваат дека со нашиот MAN TGX EfficientLine 3 нема потреба веќе да се грижите за Вашите идни трошоци. Вашата конкуренција нема никогаш повеќе да Ве достигне кога ќе станува збор за трошоците и слободно можете да ја очекувате Вашата добивка овозможена од економичноста на нашиот камион кој е насочен единствено кон максимизирање на Вашата добивка. За ефикасност која ќе ја подобри Вашата вкупна добивка во транспортот на големи растојанија.
Нашиот темпомат MAN EfficientCruise® со интегриран MAN EfficientRoll уште повеќе ја олеснува заштедата на гориво.
Благодарение на нашиот аеродинамичен аеро-пакет, MAN TGX EfficientLine 3 сега навистина е аеродинамичен.
Ниту еден грам повеќе отколку што треба – Благодарение на најлесните материјали и елиминирањето на непотребната баластна тежина.
Стандардната опрема за ефикасност која доаѓа заедно со нашето чудо за заштеда, е исто така достапна и за сите други TGX модели, како и за MAN TGS*. Единствено изберете еден од четирите EfficientLine 3 пакети. Ние Ви нудиме идеално решение за секој предизвик, и тоа преку намалување на загубите од абење и отпор на воздухот, подобрување на помошната моќност или осигурување на помала празна тежина, и тоа индивидуално или според Вашите желби. Индивидуално, според Вашите желби. Разгледајте ги четирите опции за EfficientLine 3 пакети овде:
*Пакетите EfficientLine 3 се достапни единствено за MAN TGX, односно TGS 4x2 влечни возила со новите мотори на MAN во Euro 6d.
**Резервоарот за компресиран воздух од алуминиум не може да се комбинира со менувачите MAN TipMatic 14 или со компактните кутии за акумулатори.
Шпанското специјализирано списание „transporte mundial“ изврши тестирање. Во ригорозни тестирања беа вклучени три модели на возила од три произведувачи: MAN TGX EfficientLine 3, Volvo FH-500 и Scania S500. Прашањето е: кој модел ќе добие најдобри резултати во однос на заштедата за гориво? Резултат: MAN TGX EfficientLine 3 значително води кога станува збор за штедењето на гориво.